Утре повеќе автобуски линии ќе возат по изменет режим

од Nikola Popovski

ЈСП информира дека утре, понеделник (27.06.2022 година), во период од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменети траси ќе сообраќаат:

Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68

-Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.

-Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.

Линија54

-Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.

-Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.

Линија 16

-Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).

-Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.

Линиите 13 и 42

-Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка

Лините 2 и 2А

-Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.

Слични содржини