Утрово активен само еден пожар

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи известува дека вчера на отворен простор имало вкупно 26 пожари, од којшто како активен пожар се води до утрово, пожарот во Општина Прилеп, каде што кај село Алинци се уште чади опожарената депонија.

-Изгнаснатите 25 пожари, при што гореле стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, а и борова шума и неколку депонии, биле во 24 општини во државата, информира ЦУК.

Слични содржини