Ужасно злосторство: Доктор од Бања Лука силувал маж додека бил во кома

од Nikola Popovski

Основниот суд во Бања Лука го потврди обвинението против поранешниот директор на Клиниката за анестезија и интензивно лекување во Република Српска, д-р. Дарко Голиќ поради сексуално вознемирување на пациент, потврдуваат локалните власти.

Според обвинението, Голиќ малтретирал 36-годишен маж, татко на две деца, кој лежел на Клиникат по сообраќајна несреќа и бил некое време во кома, по што се разбудил. Според неофицијални информации, кај пациентот е пронајдена ДНК на обвинетиот Голиќ, на неговата постелнина, очила и пелените за возрасни.

Злоделото се случило на 19 јануари минатата година помеѓу 19 и 22 часот, а медицинскиот персонал го нашол Голиќ како го бакнува пациентот во лице.

Според документите од истрагата, Голиќ е обвинет за обљубување на немоќен пациент во „шок соба“.

Врзан за креветот

Откако се разбудил, пациентот не можел да се брани бидејќи бил врзан за креветот, што е вообичаена постапка за спречување на самоповредување.

Сведоците опишаа дека пациентот бил видливо вознемирен и исплашен во присуство на Голиќ, и дека за време на неговиот престој во собата пулсот му скокнал на 150. Самиот пациент, иако зборувал со тешкотии, им потврдил на полициските инспектори дека бил нападнат од д-р. Голиќ.

Слични содржини