Узунов: Минималната плата се качи поради поскапувањето на многу производи

од Nikola Popovski

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов смета дека покачувањето на минималната плата не е само поради притисокот, туку поради новите поскапувања на многу производи.

-Освен што е цена на трудот, минималната плата е социјална категорија за голем број семејства. Треба да се обезбеди малку помало непријатно ниво. Проблемот е као овие рабтои течат во иднина без да имаме потреси. Тоа е најбитно, вели професорот во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, зголемувањето на платата треба да се воведе како системско решение.

-Покачувањето да не биде под 57% од просечната плата и да се корегира 50% од порастот на минималната со порастот на просечната со 50% од растот на инфлацијата. Исто така потребни се реформи за подобрување на квалитетот на работната сила за квалитетот на човечкиот капитал, вели Узунов.

Слични содржини