Вајнштајн на асистентките им платил 330.500 долари да молчат за сексуалните злоставувања

од desk2

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн им платил 330.500 долари на поранешните асистентки за да не зборуваат дека сексуално ги злоставувал и тоа откако тие две го пријавиле во полиција 1998 година.

Неговата поранешна асистентка Зелда Перкинс на американските медиуми им откри дека потпишала спогодба за молчење во 1998 година, веднаш откако и самата била жртва на неговото злоставување.

Продуцентот од неа барал да го масира и неколкупати се обидел да ја одвлече во кревет. Ја присилувал да се соблекува и постојано да му праќа фотографии од себе. Перкинс вели дека многу се срамела да зборува за тоа што и правел.

Перкинс го пријавила продуцентот откако една колешка и рекла дека и нејзе сексуално ја малтретирал. Двете барале отштета од 330.500 долари, но потпишале договор за необелоденување со кој им е забрането да зборуваат зошто го обвиниле Вајнштајн.

Кршејќи го овој договор, Перкинс веројатно ќе мора да плати штета и други правни надоместоци кои се предвидени со договорот.

„Сакам јавно да ја раскинам спогодбата за необелоденување. Доколку тоа никој не го направи, нема да покренеме расправа за тоа колку се неверојатни овие договори кои принудно ги сместуваат жртвите под тепих“, вели Перкинс.

Не е познато која е втората асистентка на Вајнштајн која добила пари за да молчи.

Сведоштвото на Зелда се поклопува со приказните на останатите актерки кои продуцентот ги повикувал кај себе во соба, а потоа ги терал да се соблекуваат, а тој ги злоставувалВајнштајн за своите дела е под истрага на полицијата на Лос Анџелес, Њујорк и Лондон.

Слични содржини