Вакцина против корона веќе во септември? Тестирањето во завршна фаза

од Aleksandar Petrovski

Вакцината АЗД1222 против коронавирус, наречена вакцина Оксфорд, развиена од фармацевтската компанија Астра Зенека и Универзитетот во Оксфорд, влезе во последната, трета фаза на тестирање и се очекува да излезе на пазарот уште во септември.

Вакцината Оксфорд, наречена АЗД1222, во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци, на возраст меѓу 18 и 55 години, во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро ќе започне со тестирање на 30.000 луѓе во САД, со што влезе во последната – трета фаза, по што чека итно одобрување за употреба.

Според информациите од документацијата, за кои Недељник имал увид, тогаш таа вакцина ќе се користи во Велика Британија, САД и неколку европски земји. Според истите информации, веќе е докажано дека вакцината дава 2,6 пати повеќе антитела отколку кај најсилните организми, кои ги создале природно.

Претходно, на 15 јуни, како што е соопштено од „Еуроњуз“, четири членки на Европската унија – Германија, Франција, Италија и Холандија, потпишале договор со „Астра Зенека“ за продажба на најмалку 300 милиони дози вакцина против ковид 19, што во моментот се тестира на Универзитетот Оксфорд.

Според истиот извор, германскиот министер за здравство во тоа време објави дека „брзото, координирано дејствување од страна на група членки на ЕУ, дава дополнителна предност за сите погодени од оваа криза“.

Договорите, потпишани од британско-шведската компанија и Европската инклузивна алијанса за вакцини, ќе овозможат вакцината да биде достапна за сите членки на ЕУ кои изразуваат желба да учествуваат во иницијативата, а трошоците веројатно ќе бидат покриени од владини фондови.

„Благодарение на овој договор, стотици милиони Европејци ќе имаат пристап до вакцината од универзитетот Оксфорд веднаш штом се регистрира“, рече Паскал Сорио, извршен директор на Астра Зенека.

Слични содржини