Вакцината „Синофарм“ прва ќе пристигне во земјава, граѓаните ќе се вакцинираат на секои 10 минути

од Берта Китинска

Првата вакцина која ќе пристигне во земјава ќе биде на кинескиот производител Синофарм. Термините ќе се закажуваат преку Мој термин.

На прес-конференцијата беше објаснето дека оние граѓани кои нема да сакаат да примат одредена вакцина во закажаниот термин , ќе може да се откажат од вакцинирањето и да закажат повторно вакцинирање.

„На дневно ниво, од вакцината на Синофарм и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2000 до 2500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот, рече Филипче.

По примерот на сите земји, вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примена вакцина, но деталите за сертификатот ќе бидат дефинирани во следните денови.

– Преку „Мој термин“ ќе се анализираат податоците за лицата и преку овој систем ќе се информираат матичните лекари кои ќе ги контактираат лицата за да се утврди волјата за вакцинација. По што самиот лекар ќе ги внесе податоците и ќе чека повратна информација за тоа каде лицето односно на кој пункт ќе се вакцинира, датум и време. Следната недела ќе биде достапен и сајтот каде исто граѓаните ќе можат да аплицираат, а потоа податоците ќе се анализираат. Термините помеѓу вакцинацијата ќе бидат на 10 минути, рече Филипче.

 

 

Слични содржини