Вакцината Спутник V ефикасна против повеќе видови на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Руската вакцина „Спутник V“ е ефикасна против британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот вид на ковид 19, изјави денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

„Во врска со видовите за кои денес се дискутира широко, како што се британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот вид… можеме со сигурност да кажеме дека Спутник V обезбедува заштита од добро познатите видови кои во моментов се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал“, рече Гинцбург за програмата Док-ток на рускиот ТВ канал Један, пренесе Тасс.

Меѓутоа, рускиот научник додаде дека не може да има целосна гаранција дека вакцината ќе обезбеди заштита од сите видови што можат да се појават во иднина.

Слични содржини