Вакцинираните луѓе со „Спутник“ не развиваат тешка клиничка слика

од Берта Китинска

Директорот на Институтот Гамалеја од Москва и креаторот на вакцината Спутник В, професорот Александар Гинзбург, рече дека вакцината Спутник штити 83 проценти од соеви на делта и 91 проценти од хоспитализација, пренесува RTRS.

„Mинистерството за здравство на русија брзо ја воведе вакцината спутник лајт со цел да се подобри заштитата на оние што се претходно вакцинирани со спутник и граѓаните кои претходно се заразиле со вирусот“, рече Гинзбург.

Тој додаде дека во Русија, делта сојот на вирусот корона стана доминантен и дека заразените со овој вид развиваат потешка клиничка слика за четири до пет дена, додека претходно од инфекција на пациентот му требале до две недели развие таква слика.

Гинзбург посочи дека во Русија не е забележано дека вакцинираните со Спутник развиле тешка клиничка слика, додавајќи дека околу 30% од граѓаните биле вакцинирани.

Гинзбург посочи дека граѓаните кои биле вакцинирани со други вакцини, можат да се вакцинираат и со вакцината Спутник лајт.

Слични содржини