Валверде: Ме прашуваат што мислам за Премиер лигата? Јас велам дека би ја претпочитал Австралија“

од Nikola Popovski

Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде призна каков пристап ќе заземе при избор на следниот клуб, во кој ќе работи.

Шпанецот беше разрешен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.

-Ме прашуваат: „Што мислите за Премиер лигата?“ Јас велам: „Всушност, би ја претпочитал Австралија“. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места, рече 56-годишниот ментор.

Слични содржини