„Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар

од Vladimir Zorba

Бугарскиот културен клуб „Ванчп Михајлов“ денеска е избришан од Централниот регистар на С.Македонија (ЦРРСМ) откако Министерството за правда одлучи дека името на клубот ги повредува националните чувства на Македонците, поради соработката на Михајлов со фашистичкиот окупатор.

Од ЦРРСМ велат дека клубот не го усогласил името со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Слични содржини