Вархеји: Навистина сум горд што донесовме подарок за С. Македонија, ќе продолжиме со донациите

од Nikola Popovski

„Ќе продолжиме да бидеме покрај вас и ќе продолжиме со донации. Денес сум навистина горд дека близу 120.000 вакцини кои се одобрени за Македонија ќе бидат испорачани до крајот на месец август“, рече еврокомесарот Оливер Вархеји на прес-конференцијата од арената „Борис Трајковски“.

Тој посочи дека овие испораки се целосно финансирани од ЕУ и дека ова е подарок за С. Македонија.

„Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира“, рече Вархеји.

Слични содржини