Вашиот следен автомобил можеби нема да вози ако сте пиеле

од Vladimir Zorba

За неколку години, вашиот автомобил веројатно ќе знае дали сте испиле премногу и може да ве спречи да возите – дури и ако мислите дека сте доволно трезни за да возите.

Експертите велат дека софистицираните технологии за откривање алкохол што сега се развиваат би можеле да спречат сообраќајни несреќи и да спасат животи.

Тие технологии наскоро ќе бидат потребни во секој нов автомобил: минатогодишниот Закон за инвестиции во инфраструктурата и работни места и даде на федералната влада на САД до ноември 2024 година да создаде правило за тоа како ќе се имплементираат овие системи за спречување на возење во алкохолизирана состојба.

Производителите на автомобили и регулаторите истражуваат два високотехнолошки системи за откривање алкохол.

Еден автоматски открива алкохол на здивот на возачот; другиот го мери преку кожата на возачот. Раната верзија на сензорот за здив моментално се тестира од возачи на камиони во Вирџинија.

Двете технологии се дизајнирани да бидат „пасивни“, односно неинвазивни безбедносни системи.

Системот базиран на здив е во понатамошен развој и би можел да биде готов до 2024 година, пренесува Axios.

За разлика од постоечките алкотестатори, кои бараат од лицето силно да дува во устата, новиот систем автоматски ја одредува концентрацијата на алкохол кај возачот со помош на сензор во вратата или во управувачот кој го доловува здивот на лицето. Зрак од инфрацрвена светлина потоа се насочува кон молекулите во здивот. Ако системот открие дека односот на алкохол и јаглерод диоксид е над дозволената граница, возилото нема да се движи.

Системот може да прави разлика помеѓу здивот на возачот и совозачот, а родителите можат да го програмираат на нулта толеранција за да ги спречат нивните малолетни деца да возат после пиење.

Од друга страна, систем базиран на допир би можел да биде готов до 2025 година.

Го чита нивото на алкохол во крвта на возачот под површината на кожата со помош на сензор на допир во копчето за палење на автомобилот или на менувачот. Сензорот сјае зрак светлина врз прстот на човекот и користи блиска инфрацрвена спектроскопија на ткиво за да направи мерења.

Технологијата се уште е во развој. Еден предизвик: инженерите се обидуваат да го решат проблемот со возачите кои носат ракавици.

Во секој случај, изгледа дека нема да можеме да ја движиме колата ако пиеме за неколку години. Што е добра работа, нели?

Слични содржини