Велика Британија го одложува укинувањето на „локдаунот“

од Stefanija Kuzmanovska

Британските власти потпишаа одлука за одложување на ограничувањата наметнати поради епидемијата на коронавирусот за по 21 јуни.

Владини извори за Би-Би-Си изјавија дека најновите правила ќе останат на сила уште четири недели по овој датум.

Ова значи дека ноќните клубови ќе останат затворени и вработените ќе бидат поканети да продолжат да работат од дома секогаш кога е можно.

Премиерот Борис Џонсон се очекува да ја објави оваа одлука на прес-конференција во текот на денот.

Слични содржини