Весковски најавува финансиска поддршка за наставниците, учество во обуки и семинари

од Берта Китинска

Наставниците се клучна алка во воспитувањето и образувањето на младите генерации, кои се потенцијалните креатори и идни двигатели на општеството. Нивната мотивација и подготовка за изведување на работниот процес е клучна во спроведувањето на образовниот процес, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски.

Нашата цел, посочи тој, е да креираме соодветни платформи за редовна комуникација на наставниците во нашите основни училишта, која може да резултира со идентификација и последователна реализација на проекти за поддршка на нивната работа и за зголемување на квалитетот на работниот процес.

– Во рамките на можностите, ние ќе обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес. Клучниот проект за поддршка на оваа целна група е подигање на материјално-техничката опременост на училиштата, особено во правец на дигитализацијата на образованието, вели тој.

Слични содржини