Вест Хем со конкретна понуда до Лингард

од Vladimir Zorba

Џеси Лингард речиси сигурно ќе потпише со Вест Хем откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на следната недела. „Скај Спортс“ објави дека „чеканите“ веќе му понудиле договор на 29-годишниот напаѓач, кој во последните денови размислува каде да ја продолжи кариерата додека е на одмор во Мајами.

Лингард имаше многу силен период на изнајмување во Вест Хем во сезоната 2020/21, кога постигна 9 гола на 16 натпревари. Сепак, тој потоа се врати на Олд Трафорд и повторно се најде во улога на резерва.

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс не ја крие желбата повторно да го земе Лингард, а самиот напаѓач се надева дека доколку ги повтори силните настапи од претходниот период со лондончани, ќе биде дел од Англија за Светското првенство во 2022 година.

Мојс се надева дека до стартот на сезоната во Премиер лигата „чеканите“ ќе се засилат со вкупно пет играчи.

Слични содржини