(ВИДЕО) Албанските партии ќе формираат тело за предлог-закон за албанскиот јазик

од desk2

Албанските партии ќе формираат тело кое ќе изготви предлог- закон за употреба на албанскиот јазик. Ова е заклучокот од денешната средба на Алијансата на Албанците и на ДУИ, информира Телма.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, рече дека во новото тело треба да учествуваат по двајца претставници од парламентарните партии потписнички на Платформата.

На средбата не се појавија од партијата БЕСА, од каде соопштија дека не чувствуваат никаква обврска да учествуваат на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација на албанските партии во Македонија./Телма

Слични содржини