(ВИДЕО) Јанева: Разговаравме за повеќе случаи, не само за „Пуч“

од desk2

Не разговаравме конкретно за „Пуч“, туку за повеќе случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, рече обвинителката Катица Јанева по средбата со претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, информира а1он.

Јанева кажа дека предметот „Пуч“ уште не е даден на Аневски и дека се уште ќе се разговара пред да го дадат.

Таа не даде конкретна информација за кои други случаи се зборувало на средбата и кажа дека Советот на јавни обвинители ќе излезе со соопштение.

На прашање што конкретно СЈО барало во Канал 5 телевизија, Јанева не сакаше да даде информација./извор а1он

Слични содржини