ВИДЕО: Нов зеленило,клупи, корпи….кејот на Вардар во ново руво

од Берта Китинска

Со реконструкцијата на кејот на Вардар, тој се враќа на оние на кои тој отсекогаш им припаѓал – на нашите граѓани, велат од Град Скопје.

-Со текот на годините, кејот на Вардар кај Градскиот Трговски Центар полека почна да ја губи функцијата на отворена јавна површина наменета за потребите на граѓаните. Наместо тоа, простор за движење имаше сè помалку, а и тој најчесто беше оштетен правејќи го шетањето по него значително отежнато. Со реконструкцијата на овој дел, го враќаме кејот на оние на кои тој отсекогаш им припаѓал – на нашите граѓани. Ги повлековме терасите на угостителите, создавајќи далеку поголема слободна површина за движење, на која поставивме патека за лица со инвалидитет, ново високо зеленило, како и нови клупи, корпи за отпадоци, жардинери и канделабри, и најважно од сè – бетонски и електрични столбови кои ќе оневозможат нелегално паркирање, велат од Град Скопје.

Слични содржини