(ВИДЕО) Осман Кадриу открива детали за нацрт законот за Албански јазик на ДУИ

од desk2

Универзитетскиот професор Осман Кадриу во емисијата 10 минути на ТВ21 открива детали за нацрт законот за Албански јазик. Тој вели дека албанските партии го консулитрале за нацрт законот кој ДУИ го испрати до СДСМ. Според него, овие прашања се услов ДУИ да ги даде своите потписи за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот за формирање на Влада.

Професорот вели дека дел од тие барања излегуваат од Уставот и дека треба да се прави разлика помеѓу прашања кои може да се уредат со закон од минимум 61 пратеник во Собранието и прашања кои не што не треба да се уредат, туку прашања кои прво треба да се уредат со Уставот.

– Се бара да се нагласи со една реченица како што има и во други правни системи, на целата територија на Македонија служебни јазици се македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и албанскиот јазик и неговото писмо, вели Кадриу.

Тој нагласува дека има одредени прашања за кои има согласност помеѓу двата блока.

– Се предлага претседавачот на Собранието ако е Албанец да може да говори на албански јазик и да раководи со пленарна седница на албански јазик. Втора новина, се предлага членовите во Владата кои се Албанци да можат да говорат на својот јазик. Ако и претседавачот на седницата на Владата биде Албанец, тој да раководи на седницата на својот јазик, вели Кадриу.

Најпроблематично прашање според професорот е предлогот и во постапките во судската власт да се овозможи постапката да се води на албански јазик.

Слични содржини