(ВИДЕО) Почна средбата на албанските партии, Касами не дојде

од desk2

Почна средбата на албанските партии потписнички на платформата, информира а1он.

На средбата дојдоа лидерите на партиите од коалицијата Алијанса на Албанците и Али Ахмети и Артан Груби, додека лидерот на БЕСА, Билал Касами не дојде.

Од партијата на Касами вчера рекоа дека тој не добил официјална покана и неколкупати нагласија дека нема да седнат на иста маса со Ахмети.

Се очекува на средбата партиите да разговараат за понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и за коалиција со него./извор а1он

Слични содржини