Главниот град на Унгарија заживеа во новогодишна атмосфера. На температури под нулата, околу разиграниот Дунав се замрзнуават спомените на илјадниците туристи.

 

 

Меѓу милион и осумстотини илјади унгарци , во слободниот празничниот дух се шета и нашиот поранешен премиер Никола Груевски.

По повеќе од еден месец откако Никола Груевски побегна во Унгарија, граѓаните речиси и да не се сеќаваат кој е премиерот од Македонија кој им ги полнеше насловните страници и се бараше со Интерпол поради издржување на затворска казна.

На прашањето „Дали знаете кој е Никола Груевски, граѓаните со различни изнесувања.

– Не, не сум слушнал; Да знам кој е, беше премиер на една земја цела деценија или повеќе од еден мандат. – се само дел од коментарите на граѓаните.

Иако се ретки , ги има и такви кои многу добро го следат неговиот случај, конекциите со Виктор Орбан.

Акос Келер Алант работи како истражувачки новинар во Маѓар Наранкс. Со години ги следи релациите на балканските лидери автократи. Бегството на Груевски и неговото зесолниште кај долгогодишниот пријател Орбан, според Алант е игра со поголема политичка позадина.

– „ Мислам дека е тоа борба меѓу руското и западното разузунување. Претпоставувам дека она што се случи не е идеја на Орбан, туку беше руска идеја, да му се помогне на Груевски на овој начин и Орбан тоа не можел да го одбие.“ – изјави Акос.

Новинарот кој го следи секој чекор на Никола Груевски и заедно со уште еден колега го пронајдоа во луксузниот ресторан вчера, вели дека владата на Орбан не случајно е затворена кога се работи за Груевски.

– „Некои луѓе на улица всушност го виделе како оди во супермаркет. Откако аплицирал за азил, може да се движи низ ЕУ слободно. Ако добие Азил во Унгарија, може да ги минува границите во Шенген зоната. На крајот, унгарската влада е така структурирана што еден човек решава што ќе се случи, а тоа е премиерот. Ако премиерот сака Груевски да добие Азил, тој ќе му го даде.“ – вели Золт Кернер.

Политичките ривали на Орбан, бараат тој да ги почитува законите, а Груевски да биде екстрадиран назад во Македонија.

Слободното движење на Никола Груевски низ Будимпешта, во друштво на непознати лица, со личен возач отвора многу безбедносни прашања за унгарската опозиција. Парчето од оваа сложувалка е всушност алатката за моќ, смета пратеничката од партијата на зелените, ЛМП, Марта Деметер.

– „Ова може да е еден начин на непослушност кон владата на Орбан бидејќи вакво нешто не се случува прв пат“ – изјави Марта Деметер

Успешната анкетна комисија која ќе донесе одговор на прашањата и одговорноста на унгарските власти во бегството на груевски Деметер го оценува како илузија наспроти 2/3 моќно мнозинство со кое располага Виктор Орбан. Се бараат начини како да се добијат деталите.

Празничната Будимпешта продолжува да живее во ритамот на Новата година… Граѓаните окупирани со своите радости и проблеми.. и Груевски меѓу нив со новите унгарски документи, но без удобноста на обичниот човек. Останува да биде под будното око на новинарите и противниците на Орбан.

Извор: ТВ24

Колку поголем – толку подобар: историјата на огромниот…
Најдобра диета за мрзливци! До 20 кг помалку за 4 седмици! Без вежбање!
Со овој производ може безболно да се зголеми … од 5-7см за само неколку месеци
Лекарите се шокирани! Ова средство ќе ги излечи и назанемарените зглобови!