ВИДЕО: Руските сили соборија сопствен авион?

од Stefanija Kuzmanovska

Британското министерство за одбрана ги објави најновите разузнавачки информации, кои наведуваат дека е „многу веројатно“ руските сили да собориле сопствен авион.

Авионот наводно бил соборен над Токмак во југозападна Украина.

Како што е наведено, загубата би била значајна бидејќи тоа е „веројатно“ дури петтиот Су-35С, најнапредниот руски борбен авион во широка употреба, кој бил уништен за време на војната.

Локацијата е исто така релевантна, наведе министерството, бидејќи Токмак е „силно утврден град кој често е домаќин на руската команда која командува со еден од најинтензивните сектори на линијата на фронтот“.

Слични содржини