ВИДЕО: Во вторник започнува масовна имунизација со вакцините од Кина

од Берта Китинска

Денеска пристигнаа 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.Според најавите на министерто за здравство Венко Филипче во вторник започнува масовната имунизација на населението.

-Во вторник започнува масовна имунизација со вакцините кои денеска пристигнаа од Кина. Двесте илјади вакцини обезбедивме во директни преговори со производителот Синофарм. Апелирам до сите граѓани кои до сега не се пријавиле на официјалната веб страна да го сторат тоа, како поскоро би добиле термин за вакцинирање, напиша на Филипче.

Слични содржини