При нападот, за кој ја презеде одговорноста “Исламска држава”, беа уништени неколку згради во градот, кој се наоѓа на 30 километри североисточно од Багдад. При уривањето на зградите загинале луѓе кои го славеле  крајот на постите во светиот месец Рамазан, соопштија полициски и медицински извори, цитирани од агенциите.20150718.zvlvxdjqin

Лутиот  народот почнал да се бунтува и  да кршат прозорците на паркирани во близина автомобили како израз на гнев.

“Некои луѓе собираа парчиња  делови на детски тела во гајби  за зеленчук”,  на пазарот каде се случила експлозијата , изјави  мајор Ахмед ат Тамими.

Вработен во полицијата во Диала рече дека спасувачки екипи продолжуваат да вадат тела под урнатините, така што бројот на загинатите може да се зголеми.

Локалните власти прогласија тридневна жалост и наредија сите паркови и забавни објекти да бидат затворени  до крајот на Рамазан Бајрам, за да бидат спречени нови напади.

“Исламска држава” соопшти на Твитер дека со овој напад се  одмаздува за убиството на сунитите во северниот ирачки град Хауиџа.


 

Слични содржини