Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно

од Берта Китинска

Градот Скопје викендов изрече 76 казни за непрописно на Водно. Веста утрово беше објавена на фејсбук страната на Град Скопје.

Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела), велат од градот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Слични содржини