Вино само во кафена, за карантин цигари и храна: Коронавирусот ја намали продажбата на вина

од Берта Китинска

Иако многумина ќе помислат дека продажбата на алкохолни пијалоци кај нас за време на воведувањето на карантинот поради пандемијата со коронавирусот е зголемена, бројките според нашите истражувањето покажуваат дека македонските винарии претрпува пад на продажбата за околу 70%.

– Затворањето на угостителските објекти значително се одрази на продажбата на вино. Значителен удел во овој процент има сегментот на угостителски објекти каде падот е 100%, а останатото се должи на пад на потрошувачката во останатите канали на продажба, вклучувајќи ги и супермаркетите.Мерките за социјално дистанцирање оневозможуваат луѓето да се собираат и дружат на заеднички ручеци или вечери кога најчесто се консумира вино. Навиките на потрошувачите се такви што најчесто се консумира вино за весели поводи и заеднички прослави. Кога таквите веселби ги нема, нема ни причини за купување вино ниту за подарок, ниту за консумација со храна со пријатели, велат од винаријата „Тиквеш“.

Од таму ни обајснија дека и по воведувањето на онлајн продажба и достава до дома, тоа не предизвикало зголемување на потрошувачката на вино и своевидна амортизација на намалената продажба во угостителските и малопродажните објекти.

-Во услови кога движењето е ограничено, винаријата „Тиквеш“ воведе можност за нарачки на вино по телефон и достава до дома со цел да одговори на новонастанатата состојба. „Тиквеш“ тоа го прави преку својата дистрибутивна мрежа која има можност да доставува и во текот на полицискиот час. Засега ваквата можност потрошувачите многу малку ја користат, објаснуваат од винаријата.

И од винаријата „Chateau Kamnik“ велат дека бележат пад на продажбата на вина.

-Имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот, која никого не поштеди, претставниците од винскиот сектор исто така се засегнати. И нашата винарија „Chateau Kamnik“ се најде на удар на ефектите на глобалната криза така што бележиме значаен пад на продажбата на своите производи и тоа за околу 45 отсто. По иницијалниот шок во март пополека се навикнуваме на онлајн продажбата преку е-продавницата wine.mk. Можноста преку онлајн продажбата и доставата до дома беше важен чекор да им овозможиме на сите љубители на вино да имаат можност да го добијат виното кое не можат да го најдат во продавниците или во рестораните кои веќе подолго време не функционираат, велат од „Chateau Kamnik“.

Според статистиката на ДЗС во март забележан е раст во трговијата на мало

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2020 година, во споредба со март 2019 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3.5 %, а реално за 1.8 %).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12.7 %, а реално за 13.1 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4.6 %, а реално за 5.6 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28.3 %, а реално за 23.6 %).

Коронавирусот ја зголеми продажбата на алкохолот во европските земји

Французите сакаат да се снабдат со вино во време на криза,додека Германците купуваат повеќе од вообичаено алкохолни пијалоци од продавниците. Според фирмата за истражување на пазарот со седиште во Нирнберг, ГфК, дури една третина повеќе шишиња вино биле продадени од крајот на февруари до крајот на март во однос на истиот период во 2019 година.

Има и зголемување од 31,2 отсто во продажбите на пијалоци како џин или швепс, споредено со претходната година. Според повеќе социолошки агенции, продажбата на вотка во Русија се зголемила неверојатно. Овој развој предизвикува загриженост.

На пример, Султан Хамсаев од организацијата „Трезвена Русија“ вели: „Не смееме да дозволиме овој опасен вирус да предизвика други болести“. Во минатото имало повеќе обиди за контрола на проблемот со алкохолот во земјата. Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов неславно пропадна со ваква кампања и до ден денес многу Руси сè уште го мразат поради забраните што тој се обиде да им ги наметне.

Црниот пазар за алкохол за време на кризата наредува

Црниот пазар исто така напредува: преку групите за разговори можете да добиете недозволена набавка на вино, виски или цигари по надуени цени. Сепак, полицијата верува дека забраната е успешна. Министерот за полиција, Беки Селе, дури посочи дека ограничувањата во продажбата остануваат по пандемијата.

Според извештаите на медиумите, црниот пазар цвета и во Индија, каде што продавниците за пијалоци и барови се затворени во поголем дел од земјата. Во најјужната држава Керала, централната телефонска линија за помош регистрира исклучително голем број на повици од луѓе очајни да добијат алкохол. Навистина, продажбата на алкохол е важен извор на приход за многу држави, обезбедувајќи средства што сега можат да ги користат за борба против коронавирусот. Затоа во многу држави сакаат повторно да продаваат алкохол.

Продажбата на алкохол во супермаркети

Од друга страна, во Франција, која е сериозно погодена од вирусот, постои мал интерес за забрана на алкохол. Аперитив чаша вино е дел од културното наследство на земјата.Сепак, продажбата на алкохол во супермаркети опадна за 16 проценти во првите 12 дена од карантинот, според студијата на Институтот за истражување на пазарот „Нилсен“ од почетокот на април. Според студијата, особено е падната продажбата на шампањот – дири за 5,2 отсто во овој период.

Исто така, во Шпанија, не постојат владини мерки за ограничување на потрошувачката на алкохол. Во метрополитенските области како што се Мадрид, Барселона и Севилја, веќе не е можно да се оди во бар, така што има голема веројатност луѓето да пијат дома. Според студијата на почетокот од април од страна на трговскиот магазин Infortale, продажбата на пиво скокна за речиси 80 ​​проценти за само една недела, а на виното за дури 60 проценти.

СЗО погрешно е да се верува дека „консумирањето алкохол ќе го убие вирусот

Светската здравствена организација предупредува да не му се припише на алкохолот некакво заштитно својство од коронавирусот. Тоа е „опасен мит“ што постои низ целиот свет, велат од СЗО. Погрешно е да се верува дека „консумирањето алкохол со висок степен може да го убие вирусот Ковид-19; тоа не е случај“.

Напротив, консумирањето алкохол го ослабува имунолошкиот систем и исто така е поврзано со многу болести кои можат да го направат човекот повеќе подложен на зараза со коронавирус.

Б.М

loading...

Слични содржини