ВИСТИНСКО ЧУДО: Момче (12) извлечено од урнатините по 207 часа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во градот Адијаман, на самиот југ на Турција, спасувачите успешно извлекоа 12-годишно момче од под урнатините на зграда и 207 часа по разорниот земјотрес што го погоди овој дел од земјата на 6 февруари.

Момчето Берат Јучел е извлечено од под урнатините во населбата Алитас во строгиот центар на Адијаман, а вистинското чудо се случи точно 207 часа по земјотресот.

Веднаш по спасувачката акција на момчето му била укажана потребната лекарска помош.

Спасувачките тимови не губат надеж и одлучно продолжуваат со потрагата по урнатините на градовите уништени од земјотресот осмиот ден откако се случи.

Според досегашните официјални информации, повеќе од 36 илјади луѓе загинале во разорните земјотреси што го погодија ова подрачје.

Се очекува бројките да продолжат да растат.

Слични содржини