Вкусен и здрав пијалак од куркума за подобар имунитет

од Elena Daskalova

Веќе ги знаеме сите бенефити од редовното консумирање на куркумата. Таа спречува кардиоваскуларни заболувања и делува антиинфламаторно.

Најдобро е да се додава во топли пијалаци и чорби, бидејќи на тој начин ефективноста речиси и се удвојува.

Куркуминот докажано го зајакнува имунитетот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства. Овој антиоксиданс помага во превенција на рак, додека истражувањата исто така покажаа дека го ограничува ширењето на клетките на ракот.

Куркуминот делува антиинфламаторно и на тој начин ги ублажува симптомите на ревматоиден артритис. Неколку студии покажаа дека оваа состојка ги намалува болките кај синдромот на иритација на дебелото црево.

Во лонче со врела вода од 200 мл додадете лажичка куркума и цимет во прав, малку мелено каранфилче и малку црн бибер. Потоа намалете ја топлината на умерена и гответе 10 минути. Процедете го чајот и додадете малку млеко (кравјо или растително млеко, по желба) и мед по вкус, но ако вкусот на куркумата не ви пречи, можете и да не додавате млеко.

Слични содржини