Вкусна кајгана: Неколку трикови како да ја подготвите

од desk4

Кајганата изгледа како лесна за подготовка, особено поради тоа што нема некоја огромна филозофија – изматените јајца се истураат во врело масло и се пржи.

Но, дали е навистина така? Како може овој основен рецепт да се подобри?

Pixabay

Било да ја јадете за појадок или за ручек, добро е да ги знаете следниве трикови:

Користете свежи јајца

Колку посвежи се јајцата, толку поинтензивен е нивниот основен вкус. Постарите јајца може да впијат мириси од друга храна во фрижидерот.

Избегнувајте превисока температура

Подготвувањето ќе трае подолго, но само на тој начин ќе ја добиете пенестата конзистенција на кајганата, која ја прави и многу повкусна.

Пазете да не ги препржите

Кога е готова, кајганата веднаш префрлете ја во чинија, бидејќи во врелата тава ќе продолжи да се готви и може да изгори.

Постојано мешајте

Со постојано мешање, полесно ќе ја „растурите“ белката и кајганата ќе биде помека и хомогена.

Не додавајте течности

Можеби сте слушнале дека е добро да додадете млеко или јогурт, но тоа само ќе го спречи процесот на добра термичка обработка на јајцата. Ако сакате поголема количина, подобро употребете повеќе јајца, наместо да ги разредувате со течности.

Зачинете на крај

Ако додатете сол во изматените јајца, можете да ја разводнете смесата. Поради тоа, зачинете непосредно пред кајганата да биде готова.

Слични содржини