Влада: Најостро ги осудуваме нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО веднаш да постапат

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија најостро ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите.

-Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме. Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме, наведува Владата во соопштение.

Владата ги повика МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката.

Претходно денеска и Европската комисија изрази остра осуда по повод вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска.

-Секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден. Новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување, реагира ЕК.

Слични содржини