Влада: Не се предвидени пенали за државата доколку не се донесе пакетот закони за Коридорите

од Vladimir Zorba

Измените во Законот за работни односи кои се пред Собрание се однесува само на проекти од стратешки и национален интерес и вклучува решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови. За сето ова, претходно ќе биде обезбедена писмена согласност од самиот работник.

Подолу испраќаме дополнително појаснување и за контекстот и за измените:

– Секој случен договор вклучува точно утврдени права и обврски за двете страни, што значи дека, во конкретниот случај, и двете страни, и Инвеститорот и Изведувачот, имаат обврски кои треба да ги исполнат и права кои им следуваат. Ова е предвидено и со меѓународните ФИДИК договорни услови, при што е предвидено да има членови во самиот договор што ги регулираат правата и обврските со цел навремена и ефикасна реализација на договорот.

– Ја демантираме шпекулацијата дека се предвидени пенали за државата доколку не се донесе пакетот закони во Собранието. Согласно обврските во случениот договор, Изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со израдбата на Коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од 5 години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства.

– Воедно, согласно договорот, доколку се направат законските измени, Изведувачот се обврзува да ги заврши сите градежни работи во рок од 4 години и 7 месеци, што ќе претставува рекордно време за завршени градежни работи, особено за стратешки проект од огромна важност како што е овој. Изведувачот, согласно договорот се обврзува на овој рок за изработка во услови кога Државата овозможува делумни измени во неколку Закони, меѓу кои и Законот за работни односи, притоа почитувајќи ги постоечките законски решенија и уставното уредување.

– Ве информираме дека со овие измени на Законот за работни односи кои се во моментот пред Собранието, се овозможува, конкретно во градежниот сектор, само и исклучиво за проекти и градежни работи од стратешки и национален интерес опцијата за подолга работна недела и недела работен ден, при што, ќе се испочитуваат постоечките законски обврски за 50% повеќе за секој час работа во недела и надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови, а по претходна писмена согласност од работникот. Интенцијата е да се заштитат работниците и работничките права, а притоа да се овозможи имплементација на еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на државата.

– Изградбата на Коридорот 8 и 10 д е од стратешко значење за државата, утврдено со Специјален закон којшто го изгласаа пратениците во Собранието, затоа се наметна потребата од создавање на законска рамка за брзо, квалитетно и законско извршување на работите.

– Навремената изградба на автопатските делници има позитивни економски и социјални ефекти за граѓаните, компаниите, протокот на стока и услуги, а најмногу од се ќе значи зголемена безбедност на корисниците, намалување на времето на патување, намалување на бројот на сообраќајни несреќи и зачувување на животите на граѓаните.

Слични содржини