Владата има намера да наплати данок на екстра профит од компаниите кои ја искористија кризата

од Nikola Popovski

Владата денеска го одобри Предлог-законот за данокот на солидарност, кој треба да го плаќаат компаниите кои „оствариле вишок профит поради неочекувани околности“ за време на кризата.

Како што се наведува во соопштението, текстот на предлог-законот е поднесен од Министерството за финансии на Северна Македонија „со цел да се поправи нарушувањето на пазарот и да се обезбеди прераспределба на товарот на негативните последици од кризата“.

Тој данок на солидарност, според Mинистерствоto, треба да делува како „редистрибутивна мерка за да се осигурa дека дотичните компании, кои поради неочекувани околности оствариле вишок профити, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар“.

Се истакнува дека повеќе земји вовеле или најавиле дека ќе воведат таканаречен екстра данок на добивка, меѓу кои Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија.

„Воведувањето на овој данок има солидарна функција и ќе обезбеди финансиски средства кои целосно ќе се искористат за финансирање на Програмата за мерки за справување со кризата“, се вели во соопштението од 122. седница на Владата на Димитар Ковачевски.

Слични содржини