Владата ќе исплати 111 милиони денари на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

од Nikola Popovski

На синоќешната седница на Влада помина одлуката за исплата на 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и ноќни клубови, информира вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, со ова се заокружува финансиската поддршка, од 6тиот пакет, за сите оние кои беа затворени две недели за време на пандемијата.

-Државата е партнер на граѓаните и стопанството, вели Битиќи.

-Овие средства кои се исплаќаат како поддршка за излегување од корона кризата ќе бидат третирани како грант кај сите правни лица кои на крајот на 2021 ќе имаат 1 вработен повеќе споредено со крајот на 2020 година. Оние корисници на финансиска поддршка кои ќе го задржат истиот број вработени на крајот на 2021 како што им бил на крајот на 2020 ќе имаат обврска да вратат 20% од добиената финансиска поддршка, додека оние кои ќе го намалат бројот на вработени лица ќе имаат обврска да вратат 50% од добиената финансиска поддршка, стои во соопштението на владината прес-служба.

Слични содржини