Владата на седница разговараше за Иловица, Бектеши утре ќе излезе со детали

од Vladimir Zorba

Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица”, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министертсвото за економија.

Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица” општина Босилово.

Повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста, како што е веќе најавено, ќе бидат соопштени на прес конференција.

Слични содржини