Владата со 200 милиони денари помага за подмирување на долгот за струја на „Железници“

од Nikola Popovski

Прераспределбата во Собранието за буџетските корисници е веќе изгласана и во Министерството за транспорт и врски на располагање се ставени 200 милиони денари за покривање на долговите на електрична енергија на Македонски Железници-Транспорт, изјави денеска министерот Благој Бочварски.

Тој нагласи дека ќе продолжи грижата на Владата за ова јавно претрпријатие.

-Вкупниот долг на Железници варира и се менува. Во текот на годинава преку 12 милиони евра дадовме поддршка на Македонски Железници. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е меѓу 6,5 до 7 милиони евра, кажа Бочварски.

„ЖРСМ Транспорт” имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија и со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

Слични содржини