Властите во Херсонската област спроведуваат евакуација поради интензивното руско гранатирање

од Stefanija Kuzmanovska

Локалните власти од Херсонската област денеска издадоа наредба за задолжителна евакуација на жителите од градот Купјанск и неговата околина поради интензивното руско гранатирање на областа, јавува Си-Ен-Ен.

Русија во последните неколку недели ги засили напорите да го поврати Купјанск, градот што украинските сили го презедоа во септември.

Во наредбата се наведува дека е најавена задолжителна евакуација за жителите на градот, како и на Заоскил, што се наоѓа на источниот брег на реката Оскол.

„Руските јуришни тимови ги подобрија позициите во Купјанск“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков, пренесе ТАСС.

Во последните недели, руските сили ги интензивираа напорите да ги пробијат линиите на украинскиот фронт источно од реката Оскол и ја зголемија фреквенцијата на воздушни и артилериски напади врз населените места од двете страни на реката.

Слични содржини