ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Заев и Ковачевски поради угаснатите радијатори

од Nikola Popovski

Кога сите земји во светот и регионот преговараа за снабдување со гас на нивните држави и економии, владата на Заев и пиунот Ковачевски во која тој раководеше во министерството за финансии не презема ништо. Владата на Заев и пиунот Ковачевски не остави и без струја, затоа што наместо во РЕК да се копа јаглен на време, се распишуваа тендери за да вртат нечии камиони и да се полнат нечии џебови. И затоа сега имаме и поскапа струја, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, „Заев и Ковачевски ги доведоа граѓаните во крајна неизвесност и со угаснати радијатори во сред зима“.

-Пиунот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, бидејќи тој е дел од причината за сите катастрофи кои и се случија до сега на Македонија. Единствен начин за излез од кризата се предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини