ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше обновената американска црна листа со личности од Македонија. Според партијата, „железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јаева стана фабрика за рекет“. Од партијата на Христијан Мицкоски го споменуваат и моментот „што ликот на Јанева беше на маици“ додека беше шефица на СЈО.

-Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црнста листа за криминал на САД. Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија. Јасно е дека време е за промени, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски синоќа изјави дека е изненаден бидејќи е ставен на „црната листа“ на САД и оцени дека тоа е директно мешање во изборниот процес.

„Како поинаку да го сфатиме овој чин на насилство, освен како директно мешање во изборниот процес во Република Македонија, што е казна, што е кривично дело и што е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на Република Македонија“, рече Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош и лидерот на партијата Гром најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознатиот сторител и ќе побараат да се утврди кој од македонските соработници „ја направил таа нечесна работа, кога видел дека ќе напредува во вториот круг од претседателските избори“.

Американскиот Стејт департмент вчера го стави Јакимовски на „црната листа“ поради „вмешаност во значителна корупција“ и му забрани влез во САД. На листата се најде заедно со поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.

Слични содржини