Откако денеска на прес конференција опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека СДСМ е одговорна за алармантната состојба во земјоделството и дека го поддржува земјоделскиот протест закажан за 26 октомври пред Владата на Република Македонија во 13 часот од СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека ВМРО всушност признале дека токму како партија стојат зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци.

-Жална и мачна е сликата за земјоделието во Македонија. Жална е судбината на земјоделецот во период додека Зоран Заев е на власт. – порача денес Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е со земјоделците во овие тешки времиња и го разбира нивното незадоволство, кога, како што вели, владата нема разум тогаш протестот е единственото решение.

-Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во недостаток од реална програма, продолжува преку партиски собири да се обидува да ја искриви реалната слика. Како и на досегашните таканаречени протести, така и за најавениот во сабота ќе недостасуваат вистински земјоделци, бидејќи вистинските земјоделци не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски. – стои во соопштението од СДСМ.

Земјоделците се свесни за разликата меѓу партнерскиот однос со Владата предводена од СДСМ и потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон нив. – порачуваат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека за само нешто повеќе од две години, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство ги решиле сите проблеми наталожени од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се исплатиле заостанатите субвенции, финансиската поддршка се зголемила, се решил проблемот со долговите на лозарите, се инвестира во младите земјоделци и жените од руралните средини и се намалуваат трошоците за производство преку воведувањето „зелена нафта“.

Слични содржини