ВМРО-ДПМНЕ: Низ цело Скопје се плаќа поскап паркинг

од Nikola Popovski

Паркингот на Водно е зголемен за 100%, од 100 денари за 1 час паркинг во 2019 година од 2020 година се плаќа 200 денари, обвинуваат од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „Шилегов брутално ги ограбува скопјани“.

-Поскап паркинг плаќаат сите жители на Скопје насекаде. Имено цената за час паркирање во „Зона А“ од 2019 е зголемена од 45 на 50 денари во 2020 година. Паркирањето во „Зона Б“ е зголемено од 35 денари на 40 денари, додека во „Зона Ц и Д“ е зголемена цената од 25 денари на 30 денари.

И додека скопјани плаќаат Шилегов и градоначалниците од СДСМ парите ги трошат на тендери, стои во партиското соопштение.

Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие Градски паркинг. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 денари.

Слични содржини