ВМРО-ДПМНЕ: Отворен Балкан е вообичаена регионална соработка

од Nikola Popovski

Зоран Заев е човекот кој ветуваше европска Македонија, кој етикетираше луѓе за кочничари на евроинтеграциите, а сега нуди мини шенген Македонија и самиот е главен кочничар. Корупцијата и криминалот се симболот на оваа власт на Заев и поради нив сме секој ден се подалеку од Европа. Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Транспаренси не вбројува во најкорумпирани држави во светот, а Извештајот на Стејт Департментот нотира корупција и криминал во власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку утринско соопштение.

Според нив, Мини шенгенот (Отворен Балкан) не е алтернатива на ЕУ и Заев не може да го преставува како спектакуларен успех.

-Тоа е вообичаена регионална соработка, далеку од тоа што е врвен национален интерес, а тоа е полноправно членство во ЕУ и дел од големото семејство европски држави. Овие 4 години власт на Заев, се 4 украдени години за граѓаните исполнети со неуспеси и понижувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини