ВМРО на вонреден конгрес избира ново раководство

од Vladimir Zorba

Бугарската партија ВМРО на вонреден конгрес избира ново партиско раководство. Тој беше свикан поради незадоволителните резултати на последните парламентарни избори.

Откако во ноември минатата година ВМРО по трет пат излезе од парламентот, целото раководство на партијата поднесе оставка.

Во почетокот на февруари, нејзиниот лидер Красимир Каракачанов објави дека е дојдено време помладата генерација да се вклучи повеќе во ВМРО, која доби политичко и административно искуство во законодавната и извршната власт за да ја врати организацијата таму каде што и е местото.

Без да замине во политичка пензија, Каракачанов предложи тројца копретседатели Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов и Александар Сиди да застанат на чело на партијата, како и намалување на Организацискиот совет и Извршниот комитет.

Дали предлозите ќе бидат одобрени ќе одлучи денеска вонредниот конгрес.

Слични содржини