Во Бејрут има уште најмалку 20 контејнери со опасни хемикалии

од Vladimir Zorba

Хемиски експерти и пожарникари работат на обезбедување на најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии во пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија, откако откриле дека еден истекува, изјави член на францускиот тим.

Некои контејнери биле оштетени во смртоносна експлозија што ги потресе пристаништето и либанската престолнина на 4 август, изјави поручникот Ентони, француски експерт за хемикалии, кој нема надлежност да го каже своето полно име во согласност со владината политика.

Француски и италијански експерти за хемикалии досега идентификуваа повеќе од 20 контејнери со опасни хемикалии, рече Ентони.

„Забележавме контејнери со етикета за хемиска опасност и тогаш видовме дека еден од контејнерите протекува“, објасни тој во интервју за Асошиејтед Прес.

Експертите работат со либанските пожарникари за да ги обезбедат сите контејнери и да ги анализираат нивните содржини.

Ентони не кажа какви се хемикалиите, ниту пак даде повеќе детали.

Либанските власти не коментираа за потенцијалните хемиски ризици во пристаништето.

„Постојат и други запаливи течности во другите контејнери. Постојат и батерии и други видови производи што можат да го зголемат ризикот од потенцијална експлозија“, рече Ентони.

Хемиските експерти се дел од францускиот тим кој пристигна во Либан за да помогне во потрагата по телата на загинатите, да се грижи за повредените и да го расчисти градот по експлозијата.

Покрај тоа, скоро 50 француски полицајци се исто така во Бејрут за да утврдат што се случило.

Слични содржини