Во Грција застрелани двајца македонски државјани

од Vladimir Zorba

Двајца македонски државјани ноќеска околу 3:30 часот биле застрелани во Ханиоти, Грција, јавуваат грчките медиуми.

Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив

Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

39-годишниот веднаш починал, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, јавуваат медиумите кај нашиот јужен сосед.

 

Слични содржини