Во Хрватска ќе се отвори центар за лекување со медицински канабис

од Vladimir Zorba

  Во Хрватска наскоро ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис. Центарот ќе биде лоциран во реонот на бањата Свети Мартин, северна Хрватска.

Терапијата со канабис првенствено ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, додека од април центарот ќе биде достапен и за други лица.

– Тука нема ништо незаконско, маслото од канабис ќе се користи само за медицински цели, соопштија од центарот.

Лекувањето ќе чини околу 400 евра дневно, но и покрај високата цена постои голем интерес за третманот со медицински канабис. Центарот очекува гости од Европа, САД и од арапските држави.

Слични содржини