Во Италија откажани неколку стотици летови

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку стотици летови беа откажани денеска во Италија, среде празнично патување, поради четиричасовни штрајкови на вработените во нискобуџетните авиокомпании и контролорите на летови.

Фабрицио Кушито, функционер на синдикатот на работниците во воздухопловството, изјави за италијанската државна телевизија дека се откажани околу 500 летови, додавајќи дека работниците во авиокомпаниите бараат подобри плати и подобри работни услови, вклучително и оброци за време на долгите смени, пренесува АП.

Италијанското Министерство за транспорт објави дека работниците на авиокомпаниите Ryanair, Easyjet и Volotea започнале да штрајкуваат од 14 часот по локално време, а контролорите на летот еден час порано.

Слични содржини