Во Италија откриени сите детали околу трансферот на Ериксен

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен се очекува утре во Милано на лекарски прегледи по неговиот трансфер во Интер, пренесува Џанлука Ди Марцио.

Експертот за трансфери ги откри и сите детали за финансискиот дел од договорот помеѓу двата клуба. Износот на трансферот ќе изнесува 20 милиони евра, како што бараше претседателот на Спарси, Даниел Леви.

Покрај тоа, ќе се одржат контролни помеѓу „нероаурите“ и лондонскиот тим, при што приходите од билетите ќе одат во благајната на Тотенхем.

Слични содржини