Во Италија, пад на бројот на новоинфицирани и починати од ковид

од Берта Китинска

Пад и бројот на ново заразените со коронавирус и на нови смртни случаи е регистриран во Италија, пренесува Анадолија.

Регистрирани се 12.545 нови инфекции со коронавирус, помалку од 16.310 регистрирани во саботата. Исто така, во изминатите 24 часа имало 377 смртни случаи од последици на вирусот, што е помалку од 475 во саботата.Сепак, намалениот број е резултат на помал број на испитани за време на викендот.

Досега, 1,1 милиони луѓе во земјата ги примиле првите дози на вакцини против коронавирус, имено медицински работници, корисници и вработени во домови за стари лица. Следни во однос на имунизацијата се граѓаните постари од 80 години, а надлежните се надеваат дека ќе можат да го вакцинираат целото население до есен. Втората фаза на имунизација може да се одложи откако Фајзер објави дека ќе достави помалку дози вакцини низ цела Европа. Помалку од 165.000 дози вакцини треба да бидат доставени во Италија следната недела, изјави комесарот за вонредни состојби Доменико. Аркури.

Тој ја критикуваше ваквата одлука на Фајзер, оценувајќи ја како „еднострана“ и нагласувајќи дека тоа ќе ја влоши „асиметријата“ меѓу италијанските региони. Италијанската влада треба да ја реши и новата политичка криза, така што премиерот Џузепе Конте треба да се соочи со две клучни гласања за доверба во парламентот во понеделник и вторник, што ќе го одреди неговиот политички опстанок.

 

Слични содржини