Во Карпош се паркира и на среде улица

од Nikola Popovski

Во Карпош граѓаните мака мачат со несовесните возачи на автомобили, кои во последниов период се однесуваат како да не постојат закони во Општината, посебно откако на власт дојде новото раководство.

Инспекциите како да го заборавија овој дел од градот, а граѓаните џабе пријавуваат прекршоци до Општината и Инспекторатот на Град Скопје поради своеволието на кафеаните.

Покрај секојдневното паркирање на левата или десната страна од лентата на улиците во Карпош 3, каде пајак не е виден во изминативе 4-5 месеци, деновиве жителиве на оваа населба беа сведоци на нова несекојдневна ситуација.

Фото: Локално

„Граѓанин“ се паркирал среде ул „Никола Русински“, а останатите возачи правеа „слаломи“ за да го поминат. По десетина минути се појави сопственикот на автомобилот и си замина како ништо да не се случило.

Вакви случаи има се повеќе во Општина Карпош, но очигледно на некој од првите луѓе на Општината му одговара овој хаос. На крајот, граѓаните се тие кои ја плаќаат цената – на еден или друг начин…

Слични содржини